За
Overview
Развој на EcoSTEAM е Еразмус + проект, фокусиран за подобрување на начините на кои STEAM образованието (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) може да им помогне на учениците да учат за животната средина. Проектот се фокусира на создавање и нудење на наставни методи и активности кои можат да ја подигнат свеста за еколошката одржливост и начините за намалување на влијанието на климатските промени, посебено кај средношколците.
Цел
EcoSTEAM е проект кој се фокусира на зајакнување на едукаторите и учениците преку интегрирање на STEAM образованието (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) со еколошка свест, за развивање на критичко размислување, креативност и вештини за решавање на проблеми. Преку развивање на еколошката писменост и промовирање одржливи практики, проектот им овозможува на младите поединци стекнување на знаења и компетенции неопходни за справување со еколошките предизвици и успех во идните кариери поврзани со STEAM. Програмата ја нагласува важноста на искуственото учење и еколошката одговорност, придонесувајќи за личниот, академскиот и професионалниот развој на учениците.
Цели
Цел 1
Развивање на сеопфатен сет на ресурси и алатки за промовирање на свеста и создавање на структури за поддршка за интеграција на STEAM (наука, технологија, инженерство, уметност, математика) образование со еколошка писменост.
Цел 2
Зголемување на еко-свеста кај учениците и нивнотото знаење за STEAM, охрабрувајќи ги да се однесуваат одговорно кон предизвиците на животната средина преку практични, иновативни методи на учење.
Цел 3
Овозможување на едукаторите да обезбедат образование засновано на STEAM, еколошки свесно со опремување со алатки, методологии и обука за интегрирање на екологијата во различни предмети.
Цел 4
Стимулирање на интердисциплинарно, еко-информирано образование за поттикнување на креативноста на учениците, критичкото размислување и вештините за решавање проблеми, особено во контекст на еколошката одржливост преку STEAM пристапите.